Седница одржана на 30 мај
- Записник од 15-та седница на СнЕ на АСО одржана на 23 мај, 2023 година;
- Финансиски извештаи на АСО за 2022 година ревидирани од овластен ревизор.
Седница одржана на 30 мај
- Записник од 15-та седница на СнЕ на АСО одржана на 23 мај, 2023 година;
- Финансиски извештаи на АСО за 2022 година ревидирани од овластен ревизор.
Бројот на претставки решени во корист на осигуреници зголемен за 37%, најчесто се жалат на основ за исплата и висина на надомест
Продолжува да расте бројот на претставки кои до АСО ги поднесуваат
незадоволни осигуреници што укажува на заклучок дека осигурениците ја
препознаваат посветеноста на менаџментот и вработените на АСО во
заштитата на правата на осигурениците. Очекувано најбројни, во првите три
месеци годинава, се поплаките на осигуреници при обештетување од
автомобилска одговорност. Во овој период не била поднесена претставка
само за една од вкупно 16 компании за осигурување
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) во првите три месеци годинава
прими 71 претставка од осигуреници кои се пожалиле на услугите од осигурителни
компании. Бројот на поднесени претставки во овој период е зголемен за 14,5 отсто
во споредба со првиот квартал 2022 година.
Од поднесените претставки 5 биле без основ за разгледување, а подносителите
во 6 случаи ги повлекле своите поплаки.
Во корист на осигурениците се решени 11 претставки. Во процес на постапување
се 16, а негативно се решени 33 поплаки на осигуреници.
Очекувано, и годинава најголем број на поплаки има во најмасовната
осигурителна класа „осигурување од автомобилска одговорност (АО)“ која е
задолжитена со закон. Поднесени се 34 претставки за штети кои настанале во
сообраќани незгоди и се покриени со ова осигурување.
Најбројни, вкупно 18, се претставките во кои осигурениците се жалат на решавање
штети настанати при сообраќајни незгоди решени врз основа на користење
полициски записник. Најголем дел од нив се однесуваат на висината на
обештетувањето и се решени негативно.
Во овој период е намален бројот на поплаки за решавање штети врз основа на
пополнет европски извештај. Во првите три месеци се добиени 13 претставки за
решавање штети и тоа е за 32 отсто помалку од истиот период лани.
За осигурување имот се поднесени 9 претставки, а по 8 се однесуваат на
приватно здравствено осигурување и на осигурување од незгода.
Исто како и претходната година, во однос на причината поради која се жалат
осигуреници, најбројни во овој период се претставките кои се однесуваат на
основот по која компаниите исплаќаат штети. За првите три месеци се примени 33
такви претставки и тоа е за 65% повеќе од истиот квартал во 2022 година.
Најзначајно намалување на бројот на поплаки има за процесот во кој компаниите
ги обработуваат штетите на осигурениците. Од почеток на јануари до крајот на
март годинава се поднесени само 5 такви претставки и тоа е за 68 отсто во однос
на истиот период лани.
За висината на надоместот на штета што го нудат осигурителните компании во
првите три месеци годинава се пожалиле 19 осигуреници. Во овие случаи АСО
нема надлежност да одлучува за висината на надоместокот, но ги утврдува
условите и околностите во кои е донесена одлуката за износот на понудена
оштета.
Од поднесените претставки 61 се поднесени од граѓани, а 10 од правни лица.
Претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од
одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или не
добил одговор во рок од 30 дена. АСО не разледува анонимни претставки или
случаи за кои се води судска или друга постапка.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело
кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на
осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците
и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.
Седница одржана на 23 мај
- Записник од 14-та седница на СнЕ на АСО одржана на 15 мај, 2023 година;
- Барање за добивање согласност за друштво за ревизија за 2023 година ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА и донесување на решение;
- Барање за добивање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување на УНИКА ЛАЈФ на лицето Александра Шкемби и донесување на решение;
- Извештај за поднесени претставки до АСО од страна на осигуреници, корисници на осигурување и од трети оштетени лица, за прв квартал, 2023 година.
ВО ЖИВО) Испит за осигурителни брокери – практичен дел 23 мај 2023 година
https://www.youtube.com/watch?v=CDaWXneOX0Q
Пренос во живо на 22.05.23
Пренос во живо на 22.05.23
Вложувањата во осигурување пораснаа 19%, надминаа 48 милиони евра за три месеци
Приватното здравствено осигурување и понатаму е најпопуларно доброволно осигурување со раст на продажбата од 63 отсто. Вложувањата во осигурување имот достигнаа 10 милиони евра за три месеци, а солидни растови има кај патничкото осигурување и кај каско осигурувањето на моторни возила
Вложувањата во неживотни осигурување достигнаа 3 милијарди денари (48,4 мил.евра) за првите три месеци годинава. Граѓани, фирми и институции во овој период вложија 19,5 отсто односно 7,9 милиони евра повеќе од истиот период во 2022 година. Во првото тромесечје годинава се склучени над 369.000 договори за осигурување што е за 20 отсто повеќе од истиот период лани, покажуваат официјалните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставија сите 11 компании за неживотно осигурување.
Од податоците кои се јавно достапни на https://aso.mk/category/publikaczii/izveshtai-za-rabotata-na-osiguritelnata-industri-a/drushtva-za-osiguruva-e/ евидентно е дека растат вложувањата во сите поголеми доброволни класи осигурување, а расте и вредноста на полисите за задолжителното осигурување од автомобилска одговорност.
Најпопуларна односно најбрзорастечка класа и во овој период е приватното (дополнително) здравствено осигурување. За првите три месеци годинава се склучени над 11.700 договори што е за 50 отсто повеќе од првиот квартал претходната година. Во приватно здравствено осигурување граѓаните за своите семејства и компании за своите вработени вложиле 367,5 милиони денари (6 милиони евра). Интересот за вложување во приватно здравствено осигурување пораснал за 62 отсто во споредба со првото тромесечје претходната година.
Најголемата доброволна класа – осигурувањето имот исто така бележи раст за 10,5 отсто. Вкупните вложувања на граѓани и правни лица за осигурување имот достигнале 612 милиони денари (10 мил.евра).Склучени се речиси 38.500 договори за осигурување имот и нивниот број е за 6 отсто поголем од истиот период лани.
Од другите доброволни класи вредно е да истакне дека има солиден раст на продажбата на полиси кај каско осигурувањето возила. Вкупната продажба на каско полиси достигна 272 милиони денари (4,4 мил.евра) и тоа е за 26 отсто или речиси 1 милион евра повеќе од истиот период лани.
Во првите три месеци годинава граѓаните патувале во странство значајно повеќе од истиот период лани. Продажбата на патничко осигурување во овој период пораснала за 45 отсто во споредба со лани и изнесува 44 милиони денари (713.000 евра). Биле продадени 64.000 полиси за патничко осигурување што е за 44 отсто повеќе од првиот квартал лани.
Најголемо учество во вкупната продажба на неживотни осигурување и годинава има осигурувањето од автомобилска одговорност кое е задолжително со закон. Осигурениците вложиле 1,18 милијарди денари (19,2 мил.евра) за три месеци и тоа е 13 отсто повеќе од истиот период во 2022 година.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.
Седница одржана на 15 мај
- Записник од 13-та седница на СнЕ на АСО одржана на 4 мај, 2023 година;-
- Барање за добивање согласност за друштво за ревизија ВИНЕР,
- Барање за вршење на функцијата член на орган на управување на МАКЕДОНИЈА ОСИГУРУВАЊЕ на лицето Бошко Андов и донесување на решение,
- Барање за вршење на функцијата член на орган на управување на МАКЕДОНИЈА ОСИГУРУВАЊЕ на лицето Весна Ѓорчева и донесување на решение,
- Барање за вршење на функцијата член на орган на управување на МАКЕДОНИЈА ОСИГУРУВАЊЕ на лицето Татјана Димов и донесување на решение,
- Донесување на решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Јулија Рушковска,
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за содржината на извештаите кои друштвата за застапување во осигурување, осигурително брокерските друштва и банките ги поднесуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување и крајни рокови и начини на поднесување на истите,
- Одлука во однос на неусогласеност на Осигурително брокерското друштво СМАРТ МАНИ СОЛУШНС АД Скопје,
- Одлука во однос на неусогласеност на Осигурително брокерското друштво МАК ТРЕНД БРОКЕР АД Скопје МАНИ СОЛУШНС АД Скопје,
- Одлука во однос на неусогласеност на Осигурително брокерското друштво АСУЦ БРОКЕР АД Скопје,-
- Одлука во однос на неусогласеност на Осигурително брокерското друштво М Брокер АД СКОПЈЕ,
- Одлука во однос на неусогласеност на Осигурителното брокерското друштво ВИА БРОКЕР АД,
- Одлука во однос на неусогласеност на Осигурителното брокерското друштво Минт АД,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштво за неживотно осигурување Евроинс осигурување АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на АД за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на АД за осигурување ГРАВЕ НЕЖИВОТ Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на АД за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп ,-
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Кроациа осигурување АД-Друштво за осигурување на живот,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштво за неживотно осигурување Кроација осигурување АД Скопј,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштво за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштво за осигурување Триглав Осигурување АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Акционерско друштво Сава осигурување Скопје,
- Информација во врска со постапување од страна на ССС по заклучок на СнЕ.