Пополнети се капацитетите за учество на обуката и стручниот испит
Во врска со Соопштението за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување објавено на ден 26.2.2019 година, Ве информираме дека заклучно со денешниот ден – 01.3.2019 година (15 часот) пополнети се капацитетите за учество на обуката и стручниот испит.
Поради горенаведеното, Пријавите/барањата за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник кои ќе бидат доставени по пополнување на максималниот можен број на кандидати, нема да бидат земени во предвид.
С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
Aгенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).
Обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 21-23.3.2019 и 30.3.2019 година во просториите на “Европски универзитет” кој се наоѓа на Бул. “Климент Охридски” бр. 68 во Скопје.
По завршување на обуката, Агенцијата ќе спроведе стручен испит за брокер.
С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите заинтересирани лица дека ќе организира обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за застапник).
Обуката за полагање на стручен испит за застапник во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 21 – 23.3.2019 година во просториите на “Европски универзитет” кој се наоѓа на бул. “Климент Охридски” бр. 68 во Скопје.
По завршување на обуката, Агенцијата ќе спроведе стручен испит за застапник.
Седница одржана на 25.02.2019
- Одлука за усвојување на годишната сметка на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2018 година,
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување на друштво за осигурување НОВА ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, на лицето СЛАВЧО ТАУШАНОВ,
- Правилник за начинот, постапката и условите за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи,
- Правилник за начинот, постапката и условите за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување,
- Решение за измена на називот на Друштвото за осигурување НОВА ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје,
- Решение за измена на Статутот на Друштвото за осигурување НОВА ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје,
- Решение за давање на дозвола за вршење на осигурутелно брокерски работи на МАКО АС и
- Информација во врска со организирање на Регионалната актуарска конференција, во Скопје
Седница одржана на 18.02.2019
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Никола Латиновски,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Сања Љубомир,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Национална групација за осигурување АД Осигурителна Полиса СКОПЈЕ,
Повик за поднесување на понуди за избор на едукатори за образовни услуги
Агенцијата за супервизија на осигурување има потреба од образовни услуги од страна на едукатори, заради спроведување обука и стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето како и заради спроведување обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи, во 2019 и 2020 година.
За таа цел, Агенцијата за супервизија на осигурување спроведува постапка за: доделување на договор за јавна набавка на образовни услуги – спроведување обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурувањето, и доделување на договор за јавна набавка на образовни услуги – спроведување обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи, согласно член 17 став (1) алинеа 2 и став (3) од Законот за јавните набавки.
Одржана првата „INSURTECH“ работилница во Стопанската комора на Македонија – ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА КАКО УСЛОВ ЗА РАЗВОЈ НА ПАЗАРОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Агенцијата за супервизија на осигурувањето во соработка со Здружението на осигурувањето при Стопанската Комора на РМ и oрганизацијата „Fintechguardian.eu”, на 8.2.2019 година, во Стопанската Комора на Македонија ја одржаа првата „INSURTECH” работилница за друштвата за осигурување.
Настанот беше фокусиран на развојот и примената на дигитализацијата во осигурителниот сектор и супервизорските стандарди и практики како на национално, така и на ниво на Европската унија, од аспект на креаторите и засегнатите страни кои ги применуваат овие технологии во своето работење.
Како што истакна д-р Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, – Се почесто дигитализацијата се претставува како “четврта индустриска револуција” која брзо ги трансформира општествата и економиите. Брзината и обемот на промените веројатно се без преседан. Дигитализацијата има потенцијал силно да влијае врз речиси секоја индустрија, во секоја земја, вклучувајќи ја и осигурителната индустрија.
Меѓутоа, иако дигитализацијата има голем потенцијал, сепак предизвикува ризици што можат да влијаат на фер третманот на потрошувачите и притоа да бидат во спротивност на регулаторните барања за пазарното однесување на осигурителните субјекти и заштита на интересите на потрошувачите . Така на пример, постојат ризици од намален контакт лице-в-лице, недоволно разбирање од страна на потрошувачот за производот или услугата и за самиот давател на услуги, ризици во безбедноста и потенцијална злоупотреба на зголемените количини на податоци за потрошувачи и потенцијално исклучување за некои потрошувачи- .
Гостинот од Бугарија, Десислав Данов, претставник од организацијата „Fintechguardian” настапи со своја презентација. Тој истакна дека Insurtech се појавил неодамна како термин и феномен. И покрај ова кратко постоење, процесот Insurtech бара сериозен трансформативен потенцијал од индустријата со вековна историја, како што е осигурувањето. Главна цел на процесот е унапредување на вредносниот синџир на осигурувањето преку иновации и поставување на клиентот во центарот на вниманието.
Insurtech се однесува на употребата на технолошки иновации дизајнирани да ги зголемат заштедите и ефикасноста прифатена од компаниите од осигурителниот сектор, за користење на предностите на новите технологии со цел обезбедување покриеност на дигитално позната база на клиенти. На настанот, преку видео јавување во живо се вклучија и експертите од осигурителниот сектор г. Calin Rangu од регулаторното тело во Романија и г. Julian Arevalo од Европското осигурително тело (EIOPA), пришто друштвата за осигурување имаа уникатна можност да ги слушнат искуствата од имплементацијата на новите дигитални процеси во Романија како и глобално во Европската унија. Работилницата заврши во убава атмосфера и интересна дискусија на темата.
Седница одржана на 05.02.2019
- Информација за усогласување со Законот за супервизија на осигурување со преминот во втора фаза на асоцијација меѓу Република Македонија и Европската Заедница и нејзините земји членки,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето, Александра Лозановска,
Седница одржана на 31.01.2019
- решение за определување на одговорно лице за утврдување на исполнетост на условите за полагање на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи во 2019 година,
- решение за определување на одговорно лице за утврдување на исполнетост на условите за полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето во 2019 година,
- решение за определување на овластени претставници кои ќе присуствуваат во просторијата за време на полагање на стручните испити за вршење осигурително брокерски работи во 2019 година,
- решение за определување на овластени претставници кои ќе присуствуваат во просторијата за време на полагање на стручните испити за вршење на работи на застапување во осигурување во 2019 година
- решение за формирање на Комисија за ревизија на одржаните стручни испити за вршење осигурително брокерски работи во 2019 година
- решение за формирање на Комисија за ревизија на одржаните стручни испити за вршење на работи на застапување во осигурувањето во 2019 година
- решение за формирање на Комисија за спроведување на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи во 2019 година,
- решение за формирање на Комисија за спроведување на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето во 2019 година
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за потребната документација за добивање лиценца за осигурителен брокер,
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за потребната документација за добивање лиценца за застапник во осигурување,
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за потребната документација за добивање дозволи согласно Законот за супервизија на осигурување,
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за потребната документација за добивање дозвола за вршење работи на застапување во осигурувањето,
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за потребната документација за добивање дозвола за вршење на осигурително брокерски работи,
- Решение за издавање дозвола за воведување на новa класa на осигурување на САВА осигурување а.д., Скопје,
- Решение за издавање на согласност за измена на Статут на САВА осигурување а.д., Скопје
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување на друштво за осигурување на лицето Насер Зенку,
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување на друштво за осигурување на лицето Дејан Михајлов,
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување на друштво за осигурување на лицето Зоран Нарашанов,