Агенцијата за супервизија на осигурување издаде Брошура за осигурување во земјоделството која има за цел да го промовира купувањето полиси за земјоделско осигурување како ефикасен начин за заштита на земјоделските производи од ризици кои се поврзани со временските услови, природните катастрофи, штетниците и болестите.
Во брошурата се објаснети основните поими и начела на осигурувањето во земјоделството, со посебна разработка на осигурувањето на посеви и плодови, индексното осигурување на очекуван принос од посеви и плодови и осигурувањето добиток, заедно со примери за опфатот на ризиците и премијата за осигурување.

Исто така, во брошурата се објаснети предвидените мерки за поддршка на осигурувањето од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2016 година во која е предвидена мерка за субвенционирање на дел од премијата за осигурување како дополнителна поддршка за развој наземјоделството од страна на државата и Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година, донесена од Владата на Република Македонија во која е предвидена мерка за субвенционирање на премиите за осигурување со цел развој на земјоделските задруги.