КОНКУРС ЗА ГОДИШНА НАГРАДА ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ ЗА НАЈДОБАР ТРУД ОД ОБЛАСТА НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ И ОСИГУРУВАЊЕ
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2022 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000 денари.
Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:
- апстракт;
- осврт на консултираната современа странска и домашна, научна и експертска литература од областа која се истражува;
- опис на научно истражувачката методологија која се користи во трудот;
- анализа;
- заклучни согледувања и
- библиографија.
Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Северна Македонија до триесет и петгодишна возраст, односно до денот на доделувањето на наградата на 01.11.2022 година, учесниците не треба да имаат наполнети триесет и шест години. Учесниците кои имаат стекнато титула доктор на науки до денот на поднесувањето на трудот немаат право на учество на конкурсот.
Трудовите се поднесуваат на македонски, албански или англиски јазик.
Седница одржана на 28.04.2022
- Записник од осма седница на СнЕ на АСО во 2022 година, одржана на ден 7.4.2022 година во 12:00;
- Инфомација за реализација на Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2022 година, заклучно со 31.03.2022 година,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје бр. УП1 08-1-211 од 9.3.2022 година,
- Одлука за Конкурс за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2022 годинаи Решение за именување на членови на Комисијата,
- Извештај за поднесени претставки до АСО од страна на осигурениците, корисниците на осигурување и од трети оштетени лица за првиот квартал од 2022 година,
- Правилник за осигурување на живот во врска со удели во инвестициони фондови кога осигуреникот го презема инвестициониот ризик,
- Инфомација за потреба од ажурирање на Прирачникот за подготвување стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и Прирачникот за подготвување стручен испит за вршење осигурително брокерски работи,та
- Известување за раскинување на договор за вработување со лицето Татјана Митреска од страна на СТОПАНСКА БАНКА АД-Скопје и донесување на Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Татјана Митреска,
- Известување за раскинување на договор за вработување со лицето Светломира Петреска-Јованоска од страна на СТОПАНСКА БАНКА АД-Скопје и донесување на Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Светломира Петреска-Јованоска,
- Известување за раскинување на договор за вработување со лицето Ива Костадиновска од страна на СТОПАНСКА БАНКА АД-Скопје и донесување на Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Ива Костадиновска,
- Известување за раскинување на договор за вработување со лицето Игор Клеменчич од страна на СТОПАНСКА БАНКА АД-Скопје и донесување на Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Игор Клеменчич,
- Известување за раскинување на договор за вработување со лицето Билјана Алексоска од страна на СТОПАНСКА БАНКА АД-Скопје и донесување на Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Билјана Алексоска,
- Известување за раскинување на договор за вработување со лицето Анџела Димовска од страна на СТОПАНСКА БАНКА АД-Скопје и донесување на Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Анџела Димовска,
- Известување за раскинување на договор за вработување со лицето Виктор Тасески од страна на СТОПАНСКА БАНКА АД-Скопје и донесување на Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Виктор Тасески,
- Известување за раскинување на договор за вработување со лицето Кристина Петровска од страна на СТОПАНСКА БАНКА АД-Скопје и донесување на Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Кристина Петровска,
- Известување за раскинување на договор за вработување со лицето Мартин Горачински од страна на СТОПАНСКА БАНКА АД-Скопје и донесување на Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Мартин Горачински,
- Известување за раскинување на договор за вработување со лицето Душко Јовановски од страна на СТОПАНСКА БАНКА АД-Скопје и донесување на Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Душко Јовановски,
- Известување за раскинување на договор за вработување со лицето Магдалена Вељковска од страна на СТОПАНСКА БАНКА АД-Скопје и донесување на Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Магдалена Вељковска,
- Известување за раскинување на договор за вработување со лицето Анка Стојковска од страна на СТОПАНСКА БАНКА АД-Скопје и донесување на Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Анка Стојковска,
- Известување за раскинување на договор за вработување со лицето Сандра Живковиќ од страна на СТОПАНСКА БАНКА АД-Скопје и донесување на Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Сандра Живковиќ,
- Известување за раскинување на договор за вработување со лицето Јована Бумбова од страна на СТОПАНСКА БАНКА АД-Скопје и донесување на Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Јована Бумбова,
- Известување за раскинување на договор за вработување со лицето Мартин Стојков од страна на СТОПАНСКА БАНКА АД-Скопје и донесување на Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Мартин Стојков,
- Известување за раскинување на договор за вработување со лицето Дарко Стојановски од страна на СТОПАНСКА БАНКА АД-Скопје и донесување на Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Дарко Стојановски,
- Известување за раскинување на договор за вработување со лицето Симона Авеловска од страна на СТОПАНСКА БАНКА АД-Скопје и донесување на Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Симона Авеловска,
- Известување за раскинување на договор за застапување во осигурување со лицето Спиро Георгиев од страна на КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за осигурување на живот и донесување на Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Спиро Георгиев,
- Измена на Годишниот план за теренска супервизија на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2022 година.
Седница одржана на 7.4.2022
- Записникот од седма седница на СнЕ на АСО во 2022 година, одржана на ден 22.3.2022 година во 12:00;
- Годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2021 година,
- Решение за издавање на согласност Друштвото за ревизија МУР СТИВЕНС ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Акционерското Друштво за осигурување ГРАВЕ НЕЖИВОТ Скопје за 2022 година,
- Решение за издавање на согласност Друштвото за ревизија Мур Стивенс ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Акционерското друштво за осигурување ГРАВЕ Скопје,
- Решение за издавање дозвола за вршење осигурително брокерски работи на Осигурително брокерското друштво М БРОКЕР АД Скопје,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Амдија Тофилоски,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Мердија Имери,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Стефан Петејчук,
- Решение за продолжување на стручниот испит за брокер на лицето Даниела Карастојанова,
- Решение за издавање на согласност за измена на Статут на Акционерското друштво за осигурување ГРАВЕ НЕЖИВОТ Скопје,
- Решение за издавање на согласност за измена на Статут на САВА осигурување а.д., Скопје.
Голема меѓународна конференција на актуелни теми од осигурувањето
Актуарски предизвици во претстојната либерализацијата на задолжителното автомобилско осигурување и нивниот придонес во финансиска инклузија се главните теми на големата меѓународна конференција која на едно место собра повеќе од стотина актуари и стручњаци од земјава, регионот и светот.
Станува збор за дводневната „2022 CEE & SEE Regional Actuarial Insurance Conference, First Congress Actuaires du Monde“ која денеска и утре се одржува во Скопје во организација на непрофитната меѓународна организација „Актуари на светот“ во која како ко-организатори учествуваат Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) и македонското актуарско здружение „Актуар“.
На отварањето на конференцијата денеска пред присутните претставници на македонската осигурителна индустрија, високи претставници на финансиските регулатори и стручњаци од странство и од регионот се обратија Фатмир Бесими, министерот за финансии и Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти на АСО.
Бесими пред присутните истакна дека особено значајно ќе биде да се соочат ризиците и придобивките од либерализацијата на осигурувањето од автоодговорност со цел да се избере најдобриот пат за постигнување на оваа цел, која истовремено подразбира и усогласување на нашата земја со прописите и праксата на ЕУ.
– На оваа конференција се разговара за навистина актуелна тема на која ќе бидат разменети искуства на претставници од стручната фела, а Министерството за финансии е секогаш подготвено да ги слушне експертите и нивните искуства и да ги согледа ефектите што ќе ја има либерализацијата за оваа класа на осигурување, која учествува со 41 % во вкупната бруто полисирана премија, рече министерот Бесими.
Во своето обраќање Шајноски говореше за значењето на актуарската професија за осигурителната индустрија и за активностите кои АСО ги превзема за зголемување на институционалниот капацитет на осигурителните компании преку актуелната обука за актуари. Осврнувајќи се на значењето на претстојниот процес за либерализација на осигурувањето од автомобилска одговорност Шајноски потенцираше:
– Либерализацијата за АСО ќе донесе повеќе обврски во однос на континуираното следење на финансиското здравје и капиталните можности на компаниите за осигурување. Важно е како краен резултат на овој исклучително важен процес, во координација во Министерството за финансии и Владата, да го дадеме правото на избор на осигурениците, а притоа и понатаму да имаме финансиски здрави осигурителни компании и задоволни корисници.
Таргет групата на посетители на конференцијата не се само актуарите, туку и поширок спектар на учесници од осигурителната заедница, претставници од пензиските друштва и креаторите на економските политики во земјата и странство. Затоа што работата на актуарите станува сé покомплексна и треба да има централно место во организационата поставеност друштвата за осигурување.
Актуари на Светот е непрофитна организација регистрирана во Франција во ноември 2020 година со мисија да овозможува привремена и доброволна помош на земјите во развој на кои им се потребни ресурси во областа на актуарството и управувањето со ризици.
Македонското Актуарско Здружение „Актуар” е стручна организација чија намера е да ги унапредува актуарските дисциплини, нивната практична примена и стручното усовршување и образование на актуарите.
Повеќе информации за конференцијата на следниот линк https://bit.ly/3DjiXWw
Финансиските регулатори потпишаа Меморандум за соработка во финтек-областа: Градиме систем за поддршка на развојот на финтек-секторот
На иницијатива на Народната банка, а заради создавање услови за поддршка на развојот на финтек-секторот, финансиските регулатори ‒ Народната банка (НБ), Министерството за финансии (МФ), Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), склучија Меморандум за соработка. Со Меморандумот се поставува систем преку кој регулаторите координирано ќе дејствуваат, секој во својата надлежност, во однос на спроведувањето на националната Стратегија за финтек-секторот чијашто прва верзија е веќе подготвена од Народната банка.
Меморандумот беше потпишан денеска од страна на гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска, министерот за финансии, Фатмир Бесими, претседателката на КХВ, Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али и претседателот на Советот на експерти на АСО, Крсте Шајноски.
Со Меморандумот се предвидува формирање Комитет за поддршка на развојот на иновациите во финансискиот систем во Република Северна Македонија (Комитет за финтек-секторот), чии членови ќе бидат гувернерката, министерот за финансии и претседателите на КХВ, МАПАС и АСО. Со Комитетот ќе претседава гувернерот или министерот за финансии, а претседателството ќе ротира еднаш годишно. Покрај Комитетот за финтек-секторот, ќе се формираат и други оперативни тела коишто ќе работат на осмислување и спроведување на стратегиските активности за создавање приемчива финтек-околина. Предвидено е формирање и Поткомитет со по два члена од секој од финансиските регулатори, работни групи, како и Секретаријат.
Преку поставување висококоординиран институционален систем за финализирање и спроведување на првата национална финтек-стратегија, се очекува дека ќе се постигне синергија во вкупните резултати на ова поле. Првата национална финтек-стратегија би била готова оваа година и со неа би се дефинирале решенијата и политиките со кои ќе се поддржи развојот на иновативните технолошки решенија во финансискиот систем. Развојот на финтек-секторот е од големо значење за јакнењето на економијата на една земја, пред сѐ поради неговиот потенцијал за зголемување на финансиската инклузија. За граѓаните, развојот на финтек-секторот значи повеќе можности и поевтини финансиски услуги.