Седница одржана на 20.09.2013
- Тарифник за изменување и дополнување на Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурување и роковите за уплата.
Агенцијата за супервизија на осигурување ги информира сите заинтересирани лица дека со почеток од 1 ноември 2013 година, во времетраење од 2 (две) години, ќе организира обука за актуари по чие посетување и успешно полагање на испитите, кандидатите ќе може да се здобијат со Уверение за успешно положен Стручен испит потребено за добивање дозвола за работа како овластен актуар.
Обуката за актуари се состои од следните предмети:
Секој учесник на обуката има право да го полага секој од испитите најмногу два пати, по што, доколку не го положи испитот, ќе го изгуби правото да ја продолжи Обуката. Предавањата ќе се одржуваат во текот на една недела по што следува испит по предметот најдоцна еден месец по завршувањето на предавањето од определениот предмет.
Надоместокот за посетување на обуката и полагање на испитите (за сите 15 предмети задолжително) изнесува 120.000 (сто и дваесет илјади) денари.
Уплатницата за платен надоместок треба да ги содржи следните податоци:
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: Обука и полагање на стручен испит за актуар
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: Агенција за супервизија на осигурувањето – Скопје;
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: Стопанска банка АД -Скопје;
СМЕТКА: 200002007041251
Агенцијата за супервизија на осигурување ги информира сите заинтересирани лица дека во период од 19-21.09.2013 година и во период од 26-28.09.2013 година, ќе организира обука за Застапници во осигурување по чие посетување и успешно полагање на испитите, кандидатите ќе може да се здобијат со Уверение за успешно положен Стручен испит потребен за добивање лиценца за Застапник во осигурување.
Сите заинтересирани кандидати, заклучно со 13-ти септември (петок) 2013 година, можат да се пријават со поднесување Пријава за учество на обука и полагање на испит за проверка на стручната подготвеност потребна за вршење работи на застапување во осигурување во Агенцијата за супервизија на осигурување, на адресата: ул. ,, Васил Главинов” бр. 12, ТЦЦ Плаза, кат 2, Скопје (во архива), секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.
Кон Пријавата кандидатите треба да достават:
Пријавата за учество на обука и полагање на испит за проверка на стручната подготвеност потребна за вршење работи на застапување во осигурување може да ја превземете тука