На 17-ти февруари на свечен и достоен начин Стопанската комора на Македонија како најстарата и најбројната бизнис асоцијација во земјата ја одбележа  95 годишнината од своето постоење и функционирање. На оваа манифестација како партнер на Комората беше поканета и Агенцијата за супервизија на осигурување. Во работен дух, во присуство на реномирани претставници од  бизнисот, науката и од бизнис-асоцијациите беше организирана тркалезна маса на тема: „Позицијата на малите земји во меѓународната економија – предности и недостатоци“ . Присутните имаа можност да слушнат интересна дебата и дискусија.

 

 

 

 

Во рамки на манифестацијата, на Агенцијата за супервизија на осигурување и беше доделена Наградата за најдобар партнер на Стопанската комора на Македонија од државните институции за 2016 гпдина. Ова е резултат на досегашната одлична соработка меѓу двете институции и исто така, претставува добар поттик за понатамошно успешно работење.