Имајќи ги предвид  дополнителните мерки на Владата согласно акциониот план од Главниот штаб за управување со кризи за превенција и справување со појавата и ширењето на Коронавирусот, Агенцијата за супервизија на осигурување на 16 март донесе дополнителни дејствија и активности:

–              Архивата ќе работи со скратено работно време, секој ден од 10-14ч (понеделник-петок).

–              За упатување прашања, консултации и дописи до Агенцијата за супервизија на осигурување, препорачуваме да не се доаѓа лично во просториите на Агенцијата, тоа може да го направите преку редовна пошта и на е-адресите contact@aso.mk, izvestai@aso.mk, pretstavki@aso.mk, ukazuvaci@aso.mk или на телефонскиот број на архива 02/3254 050 и следните телефонски броеви:

             Дирекција за работи непосредно поврзани со Советот на експерти, 072 263 624

             Стручна служба за супервизија, 075 364 685

             Стручна служба за регулатива и лиценцирање070 336 615

             Стручна служба за општи и административни работи, 076 446 013

Во врска со  известувања кои Субјектите ги поднесуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување преку електронскиот систем за известување АСО Портал потребно е да бидат истовремено поднесени и на е-адреса izvestai@aso.mk. Известувањата треба да бидат во форма и содржина како што се прикачени на АСО Порталот.

Агенцијата за супервизија на осигурување ќе продолжи со непречено спроведување на своите надлежности на начин на кој ги организира вработените да продолжат со работа од дома и доколку се укаже потреба да дојдат на работното место во определениот временски период од 10-14ч.

Агенцијата за супервизија на осигурување на редовна основа го следи и анализира влијанието од ризикот од ширење на болеста COVID 19 (корона вирус) и согласно потребите ќе презема дополнителни мерки и активности.