Глобалната недела на пари секоја година се одржува во втората половина на месец март. Оваа година Глобалната недела на пари ќе се одбележи во периодот од 14-20 март.

Што е глобална недела на пари? (Global Money Week-GMW)

Глобалната недела на пари (GMW) е манифестација за подигнување на свеста за финансиите и начинот на нивно користење. Целта е да се едуцираат децата и младите за финансиите, штедењето, креирање егзистенција, вработување, станување управители на фирми преку забава и интерактивни активности. Секоја година, целата заедница презема мерки да креира свесност, да ги инспирира и предизвика младите луѓе да стекнат знаење и алатки кои им се потребни да ја креираат сопствената иднина. Глобалната недела на пари (GMW) се одржува секоја година во втората половина од март. Настаните се организираат од училиштата, факултетите, министерствата, финансиските институции, регулаторните институции, граѓански асоцијации и младите ширум светот. Глобалната недела на пари (GMW) се иницира и координира од Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади – Child & Youth Finance International (CYFI), основана во 2012 година.

Која е темата на Глобалната недела на пари, 2016 (GMW)?

Темата на Глобалната недела на пари (GMW), 2016 е Земи учество, Штеди паметно!”“Зошто? Затоа што: Тоа е важно за децата и младите да учат и да учествуваат во планирање на трошењето на финансиите преку креирање добри навики од најрани години, се со цел да се избегне финансиска исклученост и да се развијат вештини за управување со финансиите кои ќе им бидат од корист покасно во живот. Повеќе..