Согласно Одлука за утврдување на условите и начинот на доделување на награда за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Р. Македонија (бр./02-454/5 од 27.05.2014), Агенцијата за супервизија на осигурување распиша Конкурс за избор на најдобар  истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2014 година.

Критериумите за учество на Конкурсот, работата на Комисијата и целата постапка се предвидени со Упатството за спроведување на Конкурс за годишна награда за млад истражувач за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија (бр./02-370/4 од 29.03.2014 и бр.02-454/5 од 27.05.2014   27.05.2014).

Со Решение за именување на членови на Комисија за избор на најдобар  истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2014 година (бр.02-454/6 од 27.05.2014) се именуваат 5 членови, и тоа:

  • за надворешни членови:
  1. д-р Силвана Мојсовска;
  2. д-р Лилјана Баткоска;
  3. д-р Лидија Симонческа; и
  4. д-р Софроние Миладиновски.
  • за претставник на Агенцијата за супервизија на осигурување:
  1. м-р Дарко Блажевски

На Конкурсот за избор на најдобар  истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2014 година се пријавија 5 учесници

Комисијата утврди дека трудовите се доставени во предвидениот рок до 30.09.2012 година. Согласно доставените биографски податоци, сите кандидати ги исполнуваат условите од Конкурсот во однос на пропишаните услови за возраста (до 35 години) и образованието (да не се доктори на науки). Сите поднесени трудови се самостојни трудови, напишани на македонски јазик.

Со оглед дека се поднесени повеќе од 3 истражувачки трудови, Конкурсот се смета за успешен.

Сите членови на комисијата поднесоа индивидуални извештаи, при што кај сите членови на комисијата експлицитно беше како предлог за доделување награда трудот на м-р Благица Петрески.

Врз основа на предлогот на комисијата, Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување го прогласи трудот на м-р Благица Петрески за победник на Конкурсот за избор на најдобар  истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2014 година.

Трудот на м-р Благица Петрески обработува тема поврзана ризиците по стабилноста на македонскиот осигурителен сектор и потребата од квантифицирање на отпорноста на шокови. Авторот ги истражува двете групи на ризици по стабилноста на осигурителниот сектор: преземени ризици на индивидуални компании и пазарни или економски ризици. Во трудот прецизно се појаснува методолошката рамка на фазите на истражување. При тоа, најпрво се елаборира за осигурителниот сектор во Р. Македонија, неговото учество во финансискиот систем, динамичниот развој и предизвиците за хармонизирање на домашната регулатива и супервизија на осигурувањето со регулативата и праксата на Европската Унија. Трудот можете да го најдете тука.