Известување за термини за полагање на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи

 

Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои учествувале на обуката за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи спроведена во април 2015 година, а кои нема да го положат стручниот испит за вршење работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи со првото полагање (теоретски и практичен дел), дека согласно членот 13 став (4) од Правилникот за начинот и постапката за спроведување на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување (“Службен весник на РМ” бр. 118/2014) и Правилникот за начинот и постапката за спроведување на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (“Службен весник на РМ” бр. 118/2014) имаат можност за уште две повторни полагања на стручниот испит и тоа во следните термини:

  • Второ полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
  1. 1. прв (теоретски ) дел 25.6.2015 година
  2. 2. втор дел (практичен пример) 10.7.2015 година

 

  • Трето полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
  1. 1. прв дел – (теоретски  дел31.8.2015 година
  2. 2. втор дел – (практичен пример)     14.9.2015 година

 

За точното време на одржување на стручниот испит во рамки на горенаведените термини, лицата ќе бидат дополнително известени.