Почитувани,

Ве известуваме дека согласно Планот за работа на Агенцијата за 2014 година, Агенцијата донесе Одлука за спроведување на обука и испит за проверка на стручната подготвеност  за вршење работи на застапување и осигурително брокерски работи.

Обуката за вршење работи на застапување во осигурување ќе се спроведе во периодот од 08-10.10.2014 година, а обуката за осигурителни брокерски работи ќе се спроведе во периодот од 08-10.10.2014 година и 18.10.2014 година во просториите на Европски универзитет. Наставната програма за полагање на испитот за проверка на стручната подготвеност потребна за вршење осигурително брокерски работи и работи на застапување во осигурување,  точните термини како и деталниот распоред на предавањата ќе биде објавен на интернет страницата на  Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката.

Врз основа на горенаведеното а со цел навремено информирање, Ве известуваме дека пријавувањето на кандидати за учество на обуката и полагање на испитот  ќе се врши најдоцна до 06.10.2014 година со поднесување на Пријава за учество на обуката до Агенцијата за супервизија на осигурување.