Во врска со објавениот Конкурс за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување за 2021 година, стручните служби на АСО утврдија дека настанал проблем со функционалноста на посочената електронска адреса konkurs@aso.mk и поради тоа не се исклучува можноста некој поднесок да не бил примен.

Со цел рамноправен третман на сите потенцијални учесници ги замолуваме заинтересираните кандидати повторно да го поднесат својот труд на посочената електронска адреса konkurs@aso.mk. Во секој случај, кандидатите задолжително треба да добијат повратен одговор дека нивниот труд е примен и дека учествува на конкурсот.

Доколку и при повторен обид, кандидатите не добијат повратен одговор потребно е да стапат во контакт со одговорното лице на телефонскиот број 02 3254 062.