Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека е во редовен контакт со субјектите на пазарот на осигурување (друштва за осигурување, осигурително брокерски друштва, друштва за застапување во осигурување, осигурителни брокери, застапници во осигурување, банки за застапување во осигурување, актуари, Национално биро за осигурување) за кои таа е надлежен регулаторен и супервизорски орган.

Од страна на Агенцијата преземени се активности и мерки на остварување непрекинатост во работењето. Мерките се однесуваат на интерната комуникација во Агенцијата за супервизија на осигурување и исто така, на остварување на комуникација со надворешни лица.

Заради непречено остварување на работењето на овие субјекти и институции, препорачуваме граѓаните и правните лица да ги следат и информациите кои овие институции ги објавуваат преку своите официјални канали за комуникација.