К   О   Н   К   У   Р   С 

за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2013 година

 

Врз основа на член 158-б точка 8) од Законот за супервизија на осигурување – пречистен текст (“Службен весник на Република Македонија” бр. 30/2012), Одлука на Уставен суд бр.  202/2011 (“Службен весник на РМ” бр.  45/2012), Одлука на Уставен суд бр. 130/2011 (“Службен весник на РМ” бр. 60/2012)  и Одлука на Уставен суд бр. 122/2011 (“Службен весник на РМ” бр. 64/2012), а во врска со член 13  од Статутот на Агенција за супервизија на осигурување, Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, на седницата одржана на 29.03.2013 година донесе Одлука за спроведување на Конкурс за годишна награда за млад истражувач за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.

За членови на Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд се именувани:

  1. д-р Силвана Мојсовска;
  2. д-р Лилјана Баткоска;
  3. д-р Лидија Симонческа;
  4. д-р Софроние Миладиновски
  5. м-р Дарко Блажевски