Обука за актуари

П О В И К

за пријавување на лица за учество на обука и полагање на стручен испит потребен за добивање дозвола за работа како овластен актуар

Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека во периодот од април 2021 година до јуни 2023 година ќе организира и спроведе обука и полагање на стручен испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар (во понатамошниот текст: стручен испит за актуар).

Сите заинтересирани лица може да се пријават за учество на обуката и полагање на стручниот испит за актуар со поднесување на Пријава за учество на обука и полагање на стручен испит за актуар до Агенцијата за супервизија на осигурување www.aso.mk, на Образец Пријава кој е даден во прилог од ова Соопштение.

Пријавата за учество на обуката и полагање на стручниот испит за актуар може да се достави до Агенцијата за супервизија на осигурување, лично или по пошта, во Архивата на Агенцијата на адреса: ул.Македонија бр.25 – Палата „Лазар Поп Трајков“, 5 кат, Скопје или електронски на следната електронска адреса contact@aso.mk.[1]

[1] Доколку пријавата се поднесува електронски, истата потпишана од лицето, заедно со сите приложени документи (заедно со соодветни нотарски заверки), се доставува скенирана во боја (во пдф документ).

Кон Пријавата за учество на обука и полагање на стручен испит за актуар, лицата се должни да ги достават следните документи:

  1. Копија од лична карта, односно копија од пасош (за странски државјани) – на увид[2];
  2. Диплома или Уверение за завршено високо образование издадена/о од образовна институција акредитирана во Република Северна Македонија[3] (во оригинал или заверена/о на нотар); и
  3. Доказ за уплатен надоместок за учество на обука и полагање на стручен испит потребен за добивање дозвола за работа како овластен актуар во износ од 000 денари на сметка на Агенцијата за супервизија на осигурување во Стопанска Банка АД Скопје или во НЛБ Банка АД Скопје.

Доказот за уплатен надоместок за учество на обука и полагање на стручен испит од точка 3 погоре, треба да ги содржи следните податоци:

ЦЕЛ НА ДОЗНАКА:Обука и испит за актуар за лицето (име и презиме на лицето)
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ:Агенција за супервизија на осигурување
ИЗНОС:120.000,00 денари
 
БАНКА НА ПРИМАЧОТ:Стопанска банка АД Скопје
СМЕТКА:200002007041251
 
БАНКА НА ПРИМАЧОТ:НЛБ Банка АД Скопје
СМЕТКА:210065288480132

 

КРАЈНИОТ РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИ (СО КОMПЛЕТ ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА) Е 26.3.2021 ГОДИНА ВО 14 ЧАСОТ.

Во продолжение се наведени Наставната програма, начинот и постапката за спроведување на стручниот испит за актуар како и индикативен распоред на предавања (обуки) и полагање на испити:

НАСТАВНА ПРОГРАМА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРУЧНИОТ ИСПИТ ЗА АКТУАР

Наставната програма за спроведување на стручниот испит за актуар  се состои од следните предмети:

  1. Веројатност и статистика;
  2. Финансиска математика;
  3. Стохастичко моделирање;
  4. Економија;
  5. Модели на доживување;
  6. Актуарска математика I;
  7. Актуарска математика II;
  8. Управување со инвестиции и средства;
  9. Осигурување на живот;
  10. Неживотно осигурување;
  11. Социјално и пензиско осигурување;
  12. Здравствено осигурување;
  13. Сметководство во осигурувањето;
  14. Регулатива од областа на осигурувањето; и
  15. Професионализам и eтика.

НАЧИН И ПОСТАПКА НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА И ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТОТ

Начинотот и постапката за спроведување на обука и полагање на стручен испит потребен за работа како овластен актуар се пропишани со Правилникот за начинот и постапката на спроведување на стручниот испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар (Службен весник на Реублика Северна Македонија бр. 280/2020).

Стручниот испит за актуар се состои од спроведување на обука (предавања) за поединечен предмет од Наставната програма (одреден број на часови на предавања распоредени во неколку работни дена) и полагање на испит по поединечен предмет од Наставната програма (еден ден предвиден за полагање на испит).

Секој кандидат има право да го полага испитот по поединечниот предмет најмногу два пати. Кандидатот кој два пати едноподруго не го положил испитот од еден предмет, го губи правото да ги полага преостанатите испити, но успешно положените испити му се признаваат при следно спроведување на обука и стручен испит. Стручниот испит се смета за положен доколку кандидатот успешно ги положил испитите по сите предмети од Наставната програма.

На лицата кои успешно ќе ги положат испитите по сите предмети од Наставната програма, Агенцијата за супервизија на осигурување ќе им издаде Уверение за положен стручен испит потребен за работа како овластен актуар со кое лицата може да аплицираат за добивање на дозвола за работа како овластен актуар согласно Законот за супервизија на осигурување.

 

ЕДУКАТОРИ И МАТЕРИЈАЛИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА И ИСПИТОТ

Обуката и стручниот испит за актуар ќе ја спроведуваат едукатори (предавачи) ангажирани од страна на Агенцијата кои имаат високи стручни и професионални компетенции и искуство и кои се врвни професионалци во областа во која ќе држат предавање.

Со оглед на моменталната ситуација со КОВИД-19, обуката ќе се спроведе он-лајн со користење на соодветна интернет платформа.

Материјалите за спроведување на обуката и испитот ќе им бидат обезбедени на учесниците на обуката/испитот пред отпочнување на обуката по секој поединечен предмет од Наставната програма.

Јазикот на предавањата (обуката) и материјалите за учење ќе биде македонски, хрватски или англиски.

[1] Доколку пријавата се поднесува електронски, истата потпишана од лицето, заедно со сите приложени документи (заедно со соодветни нотарски заверки), се доставува скенирана во боја (во пдф документ).

[2] Доколку личното име и презиме на Дипломата/Уверението не е идентично со она наведено во личната карта односно Пријавата, потребно е кон Пријавата лицето да приложи и извод од матична книга на венчани односно решение за промена на личното име односно презиме

[3] Доколку лицето школувањето го завршило во странство, се доставува Диплома/Уверение за завршено високо образование издадена/о од образовна институција акредитирана во странство заедно со документ за признавање на странската универзитетска квалификација издадена од страна на надлежна институција во Република Северна Македонија.

РАСПОРЕД НА ОБУКА (ПРЕДАВАЊА) И ИСПИТИ

Обуката (предавањата) и полагањето на испитите по поединечни предмети од Наставната програма за полагање на стручниот испит за актуар ќе се спроведе во следните термини:

ПредметиБрој на часовиПериод на обукаI испитII испит
1.Веројатност и статистика2512.-16.4.202108.05.202122.05.2021
2.Финансиска математика2525.-31.5.202119.06.202103.07.2021
3.Стохастичко моделирање251.-7.9.202125.09.202109.10.2021
4.Економија3012.-18.10.202106.11.202120.11.2021
5.Модели на доживување3022.-26.11.202118.12.202115.01.2022
6.Актуарска математика I3031.1-4.2.202226.02.202212.03.2022
7.Актуарска математика II3014-18.3.202209.04.202230.04.2022
8.Инвестиции и управување со средства303.-9.5.202228.05.202211.06.2022
9.Осигурување на живот3013.-17.6.202209.07.202223.07.2022
10.Неживотно осигурување301.-7.9.202201.10.202215.10.2022
11.Пензиско осигурување3017.-21.10.202212.11.202226.11.2022
12.Здравствено осигурување3028.11.-2.12.202224.12.202214.01.2023
13.Сметководство во осигурувањето3030.1.-3.2.202325.02.202311.03.2023
14.Регулатива во областа на осигурувањето2513-17.3.202308.04.202322.04.2023
15.Професионализам и етика1024-28.4.202320.05.202303.06.2023

 

НАПОМЕНА: Распоредот на обуката (предавањата) и полагањето на испитите по поединечни предмети од Наставната програма за полагање на стручниот испит за актуар е индикативен и истиот дополнително може да претрпи измени. Точните термини и деталниот распоред на предавања и испити во рамки на обуката ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување www.aso.mk пред отпочнување на обуката односно испитот по секој  поединечен предмет.

 

Информации поврзани со спроведување на обуката и стручниот испит може да се добијат на следната електронска адреса contact@aso.mk или на телефонскиот број 02 3254 050.

 

Facebook
LinkedIn