„Македонскиот пазар на хартии од вредност и анализа на вложувањата и средствата со кои управуваат друштвата за осигурување на пазарот на харти од вредност„ беше темата на виртуелната работилница, која се одржа денес како активност што произлегува од склучениот Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за супервизија на осигурување и Македонската Берза, а е пред се во насока на унапредување и развој на финансискиот пазар.

Воведно обраќање на работилница имаа, Претсетдателот на Советот на експерти на АСО, г. Крсте Шајноски и г. Иван Штериев,  Главен извршен директор на Македонската Берза, а присутни беа претставници од друштвата за осигурување, вработените во АСО и претставници од Македонската Берза.

Содржината на презентациите подготвени од страна на Берзата дадоа осврт на моменталните состојби на Берзата но и споредбени показатели во светски рамки. Беа презентирани интернет продуктите на Берзата како извор на информации за домашниот пазар на харти од вредност со даден приказ на продуктите и сервисите за дистрибуција на податоците од тргувањето.

Содржината на презентацијата подготвена од страна на АСО даде осврт на анализата на вложувањата и сретставта со кои управуваат друштвата за осигурување на пазарите на капитал и светската пракса. Беше истакната важноста на друштвата за осигурување како институционални инвеститори и многу важни учесници на финансискиот пазар, особено на пазарот на капитал.

На крај на средбата се заклучи дека постои потреба од поголема соработка и координација помеѓу АСО, Берзата, и друштвата за осигурување, во насока на натамошно унапредување и развој на финансискиот пазар а со посебен акцент на осигурителниот пазар.