Во интерес на пратење на современите трендови во управувањето со ризиците, Агенцијата за супервизија организираше дводневен семинар со тема “Управување со ризици кај претпријатијата” – An Overview of Enterprise Risk Management (ERM). Семинарот се одржа на 24ти и 25ти ноември, од 09 до 13 часот, на Европскиот универзитет Скопје. Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата, г. Климе Попоски, ја отвори средбата и им посака добредојде на учесниците. На семинарот присуствуваа актуари, порфолио менаџери, како и претставници од секторите за финансии на друштвата за осигурување.

Предавач на овој семинар беше реномираниот проф. Thomas A. Aiuppa, Ph.D., CPCU, од Colorado State University, Соединети Американски Држави.

Семинарот беше организиран со цел да го промовира значењето на концептот на ERМ, во контекстот на системскиот пристап, во кој е потребно е да се одредат односите меѓу поединечните ризици за да се оцени ефектот на ризикот на портфолиото, како особено значајна проблематика во осигурителната индустрија.