Агенцијата за супервизија на осигурување организираше еднодневен семинар на тема техники и можности за инвестирање и управување со портфолио.

Семинарот се одржа на 14ти септември, од 10 до 14 часот, во просторите на Стопанската комора на Македонија. Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата, г. Климе Попоски, ја отвори средбата и им посака добредојде на учесниците. Предавачи на овој семинар беа:

– Мира Шекутковска, НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, член на управен одбор, и

– м-р Горан Марковски, CFA, КБ Публикум инвест АД Скопје, главен извршен директор.

На семинарот присуствуваа одговорните лица за вложување, портфолио менаџери, како и претставници од секторите за финансии на друштвата за осигурување.

Семинарот беше организиран со цел да промовира техники и можности за инвестирање и управување со портфолио, преку доближување на искуството на друштвата за управување со пензиски фондови и друштвата за управување со инвестициски фондови како сродни институции од македонскиот финансиски систем во делот на спроведувањето на инвестициската стратегија.