На ден 11.2.2015 година во просториите на Агенцијата за супервизија на осигурување беше потпишан Колективен договор за независни регулаторни тела што претставува потврда за довербата помеѓу социјалните партнери и уште една норма на секторско ниво која ќе придонесе за  унапредување на правата и обврските од работен однос.

Договорот го потпишаа Претседателот на Синдикатот на работниците од финансиските организации на Македонија г-ѓа Светлана Петровиќ и Претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија г.Ангел Димитров како и Претседателот на Здружението на работодавачи од финансиската дејност и дејностите од     осигурување г-ѓа Николина Миланова.

 

На свечениот настан присуствуваа д-р Климе Попоски, Претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, д-р Булент Дервиши, Претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, претставник на Комисијата за хартии од вредност како и  претставници на Синдикалните организации на независните регулаторни тела.