Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски и претседателот на Организацијата на потрошувачи, г-ѓа Маријана Лончар Велкова се сретнаа денес во седиштето на Агенцијата. Благодарение на досегашната успешна соработка меѓу институциите истите одлучија да ја продлабочат соработката преку потпишување на Меморандум за соработка.

Во рамки на Меморандумот институциите предвидуваат поблиска соработка во доменот на заштита на осигурениците и корисниците на осигурителни производи и услуги. Преку реализација на проекти и активности институциите планираат значително да придонесат во јакнење на јавната свест за потребата од правилно информирање на потрошувачите во доменот на осигурување и исто така, подигнување на општествената одговорност на друштвата за осигурување и другите субјекти на пазарот на осигурување во Република Македонија.