На 14 декември 2010 година, Агенцијата за супервизиуја на осигурување (АСО) и Агенцијата за супервизија на капитално финанасираното пензиско осигурување (МАПАС) потпишаа Меморандум за соработкиа.
Меморандумот како еден вид законска рамка го уредува начинот на соработка  и истиот претставува основа за продлабочување на  професионалните односи и јакнење на довербата меѓу двете регулаторни тела.

Чинот на потпишување на Меморандумот за соработка се случи во просториите на МАПАС и истиот беше потпишан од страна на г. Булент Дервиши, директор на МАПАС и г. Климе Попоски, претседател на АСО.