Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија, во периодот од 8-10 мај, 2012 година, беше домаќин на Регионалниот семинар за осигурителни регулаторни тела од Централна и Источна Европа и Централна Азија и Транскавказија, на тема : ” Макропруденцијална и групна супервизија.

Овој настан беше организиран во соработка со Финансискиот инсистут за стабилност (FSI) и Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS). На овој настан присутвуваа претставници од осигурителните регулаторни тела на :  Чешка, Литванија, Албанија, Бугарија, Полска, Азербејџан, Турција, Молдавија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Република Српска, Република Македонија и Црна Гора.

Опфатените теми на семинарот, ги презентираа истакнати личности од областа на супервизијата во осигурувањето :  Ms. Gunilla Lofvendahl, Специјалист во финансискиот сектор од Финансискиот инсистут за стабилност ( FSI) и Банка за меѓународни порамнувања(BIS); Mr. Peter Braumuller, Претседател на извршниот комитет на Финансиски пазарен регулатор (FMA) ; Mr. Michael Zboron, Технички специјалист во Регулаторот на пазарот за финансиски услови во Велика Британија ( FSA) UK и Mr. Jeffrey Yong, Специјалист во финансискиор сектор во FSI и BIS.