Првата регионалната конференција на ЕВРОПА РЕ насловенa Развој на пазарите за осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа: Од концепт до реалност ќе се одржи во х.Гранит, Охрид, од 12 до 15 октомври 2011 година.

Агенцијата за супервизија на осигурување се јавува во улога на ко-организатор на оваа конференција, заедно со ЕВРОПА РЕ, Светската банка, UNISDR (Секретаријат во рамките на ООН за меѓународна стратегија за намалување на катастрофите) и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија.

Конференцијата ќе има за цел да промовира концептот на ЕВРОПА РЕ во развојот на пазарите на осигурување од невреме и катастрофални ризици во Југоисточна Европа.

На конференцијата ќе присуствуваат високи владини претставници, претставници на регулаторни тела, осигурителни компании, како и на компании за мапирање ризици со цел да ги претстават комплексните осигурителни производи кои треба да бидат развиени во регионот на Југоисточна Европа со поддршка на Светската Банка.

Агенда и образец за регистрација тука