На ден 21 февруари, 2011 година двете регулаторни тела, Агенцијата за супервизија на осигурување на Македонија и Комисијата за супервизија на осигурување на Романија, потпишаа Меморандум за соработка. Овој Меморандум претставува основа и отвара простор за понатамошна успешна соработка и тоа во насока на размена на искуства и информации за осигурителните пазари во двете земји, размена на знаење преку студиски посети и организирање на регионални состаноци и средби и понатамошно зајакнување на административните капацитети.