Имајќи предвид дека еден од главните приоритети на Агенцијата за супервизија на осигурување е зајакнување на соработката со други регулаторни тела и други надлежни институции склучен е Меморандум за соработка со Управата за јавни приходи во Република Македонија.

Со овој Меморандум се уредува меѓусебната соработка на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) и Управата за јавни приходи (УЈП) поврзана со размена и употреба на информации, податоци и размена на искуства. Меморандумот не подразбира почеток на соработка помеѓу институциите, напротив претставува официјална основа на нашата досегашна добра соработка и воедно овозможува продлабочување на соработката и отворање на нови можности и корист за двете институции.