Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои се пријавиле за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно учество на обука и полагање стручен испит за осигурителен брокер, дека поради технички причини поврзани со функционирање на државниот испитен центар, стручниот испит за застапници односно осигурителни брокери нема да се одржи во термините предвидени во Соопштениетеза спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и обука и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи објавено на 23.2.2018 година.

 

За новите термини за полагање на стручниот испит за вршење работи на застапување во осигурување односно стручниот испит за вршење на осигурително брокерски работи,  дополнително ќе бидете известени преку електронска порака како и преку интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување во моментот кога новите термини ќе бидат утврдени.

 

АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ