На 4 ноември 2019 година, Агенцијата за супервизија на осигурување организираше настан со цел свечено одбележување на 10-годишнината од основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување и Денот на осигурување (1 Ноември).

Во рамки на свечениот дел на настанот, воведни обраќања имаа Бујар Османи, Заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Нина Ангеловска, Министер за финансии во Владата на Република Северна Македонија, Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Со цел потврдување на добрата соработка, Агенцијата за супервизија на осигурување им додели благодарници на следниве институции и истакнати поединци:

–       Министерство за финансии на Република Северна Македонија,

–       Сектор за финансиски систем при Министерството за финансии,

–       Стопанска комора на Македонија,

–       Канцеларија на Светска банка во Република Северна Македонија,

–       Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија,

–       Канцеларија на Европската банка за обнова и развој на Република Северна Македонија,

–       Народна банка на Република Северна Македонија,

–       Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија,

–       Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување,

–       Агенција за супервизија на осигурување на Република Словенија,

–       Агенција за финансиски надзорна Република Австрија,

–       Агенција за супервизија на финансиските услуги на Република Хрватска,

–       Факултет за туризам и угостителство – Охрид,

–       Здружение на осигурители од Австрија,

–       Карел Ван Хуле, и

–       Братислав Милошевиќ.

Во рамки на манифестацијата беше доделена награда и плакета за најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2019 на Бојан Србиноски за трудот со наслов „Побарувачката за осигурување на живот и ограничувањата при позајмувањето“ (преземи тука).

Наградата на авторот му ја додели претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски, по што следеше краток осврт на трудот од страна на авторот.

Во рамки на работниот дел на настанот се одржа панел дискусија на тема “Движечките фактори за повисок и одржлив раст на осигурувањето во регионот на Југоисточна Европа”, на која учество зедоа:

–       Карел Ван Хуле, професор на Католичкиот универзитет во Левен, Белгија, во улога на модератор

–       Горазд Чибеј, директор и претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Словенија;

–       Ник Де Мешалк, директор на БИПАР, Европска федерација на посредници во осигурување;

–       Кирил Бошов, претседател на Управниот одбор и ко-основач на Еурохолд, Бугарија

–       Маја Крумбергер, директор на Словенечкото здружение за осигурување

–       Патриша Борн, професор на Колеџот за бизнис на Државниот универзитет во Флорида, САД

–       Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување

Во дискусиите се даде осврт на 3 теми, и тоа:

–       Развојот на пазарот на осигурување во Македонија и во другите земји од Западен Балкан,

–       Препознавањето на улогата на осигурувањето, и

–       Влијанието и ефектите на осигурителната регулатива на Европската Унија.