Во соопштението се нагласува дека влошените проекции за економски раст, високата
инфлација и растечките цени на енергијата ја зголемија ранливоста во финансиските
сектори. Европските надзорни органи за банкарство, хартии од вредност и осигурување и
пензиско осигурување ги советуваат националните надзорни органи, финансиските
институции и учесниците на финансискиот пазар да се подготват за предизвиците кои
доаѓаат.
Пост пандемиското заздравување на економиите во Европа ослабна поради руската
инвазија на Украина. Руската војна против Украина и пречките во трговските односи
предизвикаа брзо влошување на економските изгледи, што придонесува кон постојните
инфлаторни притисоци на значително зголемување на цените на енергијата и стоките, ги
влошува нерамнотежите во понудата и побарувачката и ја ослабнува куповната моќ на
домаќинствата. Зголемен е и ризикот од долгорочна инфлација и стагфлација.
Овие фактори, заедно со влошените економски изгледи, значајно влијаеја на ризичното
окружување на финансискиот сектор. Волатилноста на финансиските пазари се зголеми
насекаде со оглед на високата неизвесност. По долг период на ниски каматни стапки,
централните банки ја заоструваат монетарната политика. Комбинацијата на зголемени
трошоци за финансирање и намален економски производ може да изврши притисок кај
рефинансирањето на долгот на владите, претпријатијата и домаќинствата, а истовремено
негативно да влијае на кредитниот квалитет на портфолиото на кредити на финансиските
институции. Намалувањето на реалните приноси во услови на зголемена инфлација би
можело да предизвика кај инвеститорите да превземаат поголеми ризици во време кога
растот на стапките предизвикуваат далекусежно ребалансирање на портфолиото.
Финансиските институции исто така се соочуваат со зголемени оперативни предизвици
поврзани со зголемените кибернетички ризици и извршувањето на санкциите кон Русија.
Финансискиот систем досега беше отпорен и покрај сè поголемата политичка и економска
неизвесност.

2
Во светло на наведените ризици и ранливост, заедничкиот одбор на трите европски
надзорни органи ги советува националните надлежни органи, финансиските институции и
пазарни учесници да превземат следни мерки:
 Финансиските институции и надзорни органи треба и понатаму да бидат
подготвени на влошување на квалитетот на средствата (активата од билансот на
состојба, м.б.) во финансискиот сектор и да ги следат движењата, вклучувајќи ги
средствата кои беа ослободени од одредени регулаторни барања поврзани со
пандемијата и оние кои се посебно чувствителни од влошувањето на економското
окружување, како и на инфлацијата поради високите цени на енергијата и стоките.
 Очигледно дека треба со големо внимание да се следи и влијанието на
понатамошното зголемување на каматните стапки и потенцијалните неочекувани
зголемувања на премијата за ризик на финансиските институции и пазарните
учесници.
 Финансиските институции и надзорни органи треба внимателно да го следат
влијанието на инфлациските ризици
 Супервизорите би требале да продолжат да ги следат ризиците по малите
инвеститори, посебно во поглед на производи кај кои потрошувачите можеби не се
во потполност свесни за опфатот на вклучените ризици, како што се на пример
крипто средствата.
 Финансиските институции и супервизори би требале да продолжат внимателно да
управуваат со еколошките ризици и кибернетичките ризици со цел соодветно да
одговорат на заканите по информатичката сигурност и континуитетот во
работењето.

Целосното заедничко соопштение за јавноста е достапно на следниот
линк: https://www.eiopa.europa.eu/media/news/esas-warn-of-rising-risks-amid-deteriorating-
economic-outlook