XPRIMM е интернет портал и странско списание специјализирано за осигурување и пензиско осигурување. XPRIMM постои повеќе од 15 години и поседува уникатна позиција на специјализираните пазари, содржи статистички податоци, новости и информации за осигурителните индустрии во повеќе од 32 земји и воедно е платформа за комуникација и размена на податоци за земјите од Европа и пошироко. XPRIMM на редовна основа објавува податоци и информации за осигурителната индустрија во Република Македонија и исто така, објави и информации за временската непогода која ја зафати нашата земја. На следниот линк http://www.xprimm.com/Macedonia-in-need-of-aid-after-the-severe-flooding-of-August-6th-articol-2,10,22-8261.htm може да се преземе информацијата којa воедно содржи и апел за помош на настраданите во поплавите.