Со цел ефикасно спроведување на своите законски надлежности и активности, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) континуирано вложува во заjакнување на капацитетите на супервизијата преку воспоставување и имплементација на систем на континуирана едукација и стручно усовршување на вработените. Во рамки на активностите за развој на супервизијата, се вршат редовни обуки во земјата и странство.
Во периодот од 1-4 февруари, 2011 година во Охрид, во организација на Агенцијата а во соработка со регулаторното тело на Германија-BAFIN, беше реализирана обука за супервизорите.