Реформа на задолжителното осигурување (MTPL)
Предлагач/ Донор: Светска Банка First Initiative
Назив на проектот: Реформа на задолжителното осигурување (MTPL)
Носител на проектот: Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО)
Цел: Основната цел на оваа проектна активност е поддршка на реформите во делот на осигурувањето од одговорност од употреба на моторни возила, како осигурителен производ кој доминира во портфолијата на домашните друштва за осигурување. Реализирање на оваа цел ќе се постигне преку подобрување на законската регулатива и зајакнување на капацитетите на Агенцијата. Поконкретно, проектната активност би опфатила обука и тренинг на персоналот на АСО како и подолгорочна асистенција во однос на мплементација на усвоените реформски решенија.
Регионален проект за осигурување на ризик од катастрофи (Europa Reinsurance Facility Ltd.)
- Агенција за супервизија на осигурување, имплементатор на проектот
- Работна група за програмата за осигурување на ризик од катастрофи составена од друштва за неживотно осигурување, посредници во осигурувањето, професионални органиозации/здруженија и други потенцијални членови