Агенцијата за супервизија на осигурување издаде нова дозвола за вршење работи на осигурување на живот-основано ново друштво за осигурување
Врз основа на одредбите од Законот за супервизија на осигурување („Службен весник на Република Македонија бр. 27/2002, 84/2002, 98/2002, 33/2004, 88/2005, 79/2007, 08/2008, 88/2008, 56/2009 и 67/2010), Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување донесе Решение со кое се издава дозвола за вршење на работи на осигурување на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР Лајф-Виена Иншуренс Груп Скопје.
Како основач на новото друштво за осигурување на живот се јавува реномираната OСИГУРИТЕЛНА ГРУПАЦИЈА ВИЕНА (VIENNA INSURANCE GROUP Wiener Städtische Versicherung AG), Schottenring 30, A- 1010 Wien, од Република Австрија.
Новото Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР Лајф-Виена Иншуренс Груп е лоцирано на адреса бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр.28/1 Скопје.
Со издавање на новата дозвола, бројот на друштвата за осигурување кои вршат работи на осигурување во рамки на групата на живот се зголеми за уште едно друштво и на осигурителниот пазар во Република Македонија во моментот дејствуваат вкупно три друштва за осигурување на живот.