Во врска со Соопштението за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и обука и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи објавено на ден 23.2.2018 година, Ве информираме дека заклучно со денешниот ден – 1.3.2018 година (10 часот) пополнети се капацитетите за учество на обуката и стручниот испит.

 

Поради горенаведеното, Пријавите/барањата за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник односно брокер кои ќе бидат доставени по пополнување на максималниот можен број на кандидати, нема да бидат земени предвид.