На свечена церемонија во седиштето на Агенцијата за супервизија на осигурување, на 2 јули, претседателот на Советот на експерти г. Климе Попоски ,и заменик претседателот на Регулаторното тело за супервизија на осигурување на Турција (Undersecretariat of treasury), г. Ахмет Генк, потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции.
Со Меморандумот се уредува соработката и размената на информации и податоци во областа на спроведување супервизија во осигурувањето. Со потпишување на Меморандумот двете страни изразија интерес и волја за поблиска соработка во иднина и размена на искуства од областа,
Имајќи предвид дека пазарите на осигурување во нашите земји се соочуваат со слични предизвици, соработката ќе придонесе преку размена на искуство, пракса и знаење значително да се унапреди работењето на нашите институции и да се овозможи сеопфатна заштита на осигурениците и корисниците на осигурителни производи и услуги. Исто така, соработката со Турскиот регулатор ќе овозможи пренос на знаења за воспоставување и супервизија на тамошните решенија за справување со последиците од природните непогоди кои се засновани на принципите на јавно-приватно партнерство преку осигурителните пулови за земјоделско осигурување (TARSIM) и за осигурување од земјотрес (TCIP).