Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите пријавени за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување во мартовската едукативно испитна сесија (врз основа на објавено Соопштение за спроведување на обука и стручен испит на ден 2.3.2020 година), дека обуката за стручен испит за застапник во осигурување во организација на Агенцијата, ќе се организира онлајн во времетраење од 6 дена (вкупно 18 наставни часа) и ќе се спроведе во периодот 9.9.2020-11.9.2020 и 14.9.2020-16.9.2020 година, во термин од 17-20 часот.
Деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката, како и подетални информации во врска со начинот на спроведување на обуката ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката.
По завршување на обуката, Агенцијата ќе спроведе стручен испит за застапник. Датумите за полагање на стручниот испит за застапник се следните:
Прв дел (теоретски дел) на 13.10.2020 година
Втор дел (практичен пример) на 29.10.2020 година
Кандидатите кои нема да го положат стручниот испит за застапник со првото полагање имаат право на две повторни полагања на испитот во рок од 6 месеци од денот на завршување на обуката и тоа во следните термини:
Второ полагање
Прв дел (теоретски дел) на 26.11.2020 година
Втор дел (практичен пример) на 14.12.2020 година.
Трето полагање
Прв дел (теоретски дел) на 29.12.2020 година.
Втор дел (практичен пример) – дополнително ќе следи известување за термин кој ќе биде во текот на јануари 2021 година.
Стручниот испит за застапник ќе се спроведува во просториите на Испитниот Центар кои се наоѓаат во Правниот факултет “Јустинијан Први” Скопје, адреса Бул. Гоце Делчев 9б, 1000 Скопје.
Доколку евентуално дојде до измена на објавените термини за спроведување на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување, Агенцијата за супервизија на осигурување навремено ќе ги извести пријавените кандидати.
Агенција за супервизија на осигурување