Агенцијата за супервизија на осигурување, вчера во просториите на  Стопанската Комора, оддржа работната средба  со претставници од друштвата за осигурување  со цел презентирање на предлог содржината на подзаконскиот акт  – Правилник за минималните стандарди на информациските системи во осигурителната индустрија.

 

Со Правилникот се пропишуваат стандарди кои ќе допринесат унапредување на работните процеси во друштвата за осигурување и поефикасно  управување со базите на информации и  податоци. Стандардите се однесуваат на  организациска поставеност на службата за информациски системи,  управување и инфраструктура  на службата за информациски системи, безбедноста и заштитата на податоците, управувањето со деловен континуитет на друштвата, управувањето со нови информатички технологии, обуки за вработените и др..

 

На средбата воведно обраќање имаше и претседателот на Советот на експерти, проф д-р Крсте Шајноски, кој истакна дека Агенцијата за супервизија на осигурување како супервизорски орган е заинтересирана за поставување на солидена рамка на информациски системи и функција на истите во друштвата за осигурување.  Воедно нагласи дека друштвата за осигурување како важни чинители на финансискиот пазар во земјата треба да располагаат со адекватен информациски систем кој е конзистентен со природата, комплексноста и ризичниот профил на Друштвата и кој е во состојба да се прилагоди на условите и опкружувањето во кое работат