Портата за иновации претставува комуникациски канал / платформа за комуникација помеѓу иновативната бизнис-заедница (финтек-секторот), и финансиските регулатори (АСО, НБРМ, МАПАС, КХВ и МФ), поради развивање доверба и дијалог меѓу страните за релевантните аспекти од нивните надлежности.
„Финтек“ е кратенка од зборовите „финансиска технологија“. Таа стана моќен двигател на иновациите во светот на финансиите и има потенцијал да ги трансформира финансиските услуги. Една од дефинициите на финтек е дека истиот претставува: „технолошки овозможена финансиска иновација што може да доведе до нови деловни модели, апликации, процеси или производи со придружен материјален ефект врз финансиските пазари и институции и обезбедувањето финансиски услуги”.
Основна цел на Портата за иновации е да го олесни, да го поттикне и да го помогне развојот на иновации во областа на финансиските услуги и производи кај секоја компанија што сака да започне иновативна бизнис-активност.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) како регулатор на пазарот на осигурување дава целосна поддршка на технолошкиот развој кој овозможува финансиски иновации што може да доведат до нови деловни модели, апликации, процеси или производи со придружен материјален ефект врз финансиските пазари и институции и обезбедувањето финансиски услуги, во сегментот на пазарот на осигурување.
Заради зајакнување на улогата на нашата институција како проактивен регулатор и партнер во развојот на современ пазар на осигурување, доколку планирате или развивате иновации во осигурителниот сегмент, АСО е на Ваше располагање овозможувајќи едукација и правни совети во областа на регулативата за осигурување.
Контакт: contact@aso.mk
Финтек-стратегија за финансиски регулатори, 2023-2027
Резултати од Анкета за развој на финтек-секторот во Македонија
Физибилити студија за развој на финтек-секторот во Македонија