Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија во периодот од 8-10 мај, 2012 година ќе биде домаќин на Регионалниот семинар за осигурителни регулаторни тела од Централна и Источна Европа и Централна Азија, под наслов “Макропруденцијална и групна супервизија”

 

Овој исклучителен настан е организиран во соработка со Финасискиот институт за стабилност (FSI) со седиште во Базел, Швајцарија и Меѓународната Асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS). Семинарот ќе опфати теми од областа на управување со финасиската стабилност и ризиците вклучувајќи ја и соработката меѓу регулаторните органи. За повеќе информации во врска со програмата Ве молиме кликнете овде