Агенцијата за супервизија на осигурување, вчера во просториите на Стопанската Комора, оддржа работната средба со претставници од друштвата за осигурување со цел презентирање на предлог содржината на подзаконскиот акт – Правилник за минималните стандарди на информациските системи во осигурителната индустрија.
Со Правилникот се пропишуваат стандарди кои ќе допринесат унапредување на работните процеси во друштвата за осигурување и поефикасно управување со базите на информации и податоци. Стандардите се однесуваат на организациска поставеност на службата за информациски системи, управување и инфраструктура на службата за информациски системи, безбедноста и заштитата на податоците, управувањето со деловен континуитет на друштвата, управувањето со нови информатички технологии, обуки за вработените и др..
На средбата воведно обраќање имаше и претседателот на Советот на експерти, проф д-р Крсте Шајноски, кој истакна дека Агенцијата за супервизија на осигурување како супервизорски орган е заинтересирана за поставување на солидена рамка на информациски системи и функција на истите во друштвата за осигурување. Воедно нагласи дека друштвата за осигурување како важни чинители на финансискиот пазар во земјата треба да располагаат со адекватен информациски систем кој е конзистентен со природата, комплексноста и ризичниот профил на Друштвата и кој е во состојба да се прилагоди на условите и опкружувањето во кое работат