Согласно определбите на Законот за супервизија на осигурување, со цел поттикнување на развојот на осигурувањето во Република Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурување почнувајќи од 2011 година на редовна основа распишува конкурс за доделување на годишна награда за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, со цел да придонесе кон зголемување на бројот и квалитетот на применетите научни трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.
Изборот на најдобар труд го врши Комисија составена од 5 (пет) члена, од кои најмалку еден e претставник од Агенцијата за супервизија на осигурување, а најмалку 3 (три) надворешни членови.
Критериумите за учество на Конкурсот, работата на комисијата и целата постапка се предвидени со Упатството за спроведување на Конкурс за годишна награда за млад истражувач за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.
Досегашни добитници на годишната награда заедно со линк до трудовите се дадени во продолжение: