Во сферата на финансиската едукација одбележувањето на Глобалната недела на пари е меѓу бројните активности кои Агенцијата за супервизија на осигурувње ги презема во рамки на своите надлежности за развој на осигурителниот пазар и развој на свеста на јавноста за осигурувањето и супервизијата на осигурување. Благодарение на долгогодишното одбележување на Глобалната недела на парите во нашата земја, истата како манифестација стана добро препознатлива меѓу младата популација.
По повод Глобалната недела на пари, Агенцијата за супервизија на осигурување започна со реализација на планирните активности за 2019 година, во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија. Во текот на престојните денови ќе бидат посетувани училишта и универзитети, ќе се одржат сесии и работилници за зголемување на свеста за важноста на финансиската едукација помеѓу младите луѓе и другите учесници на манифестацијата глобална недела на парите, ќе се пренесат информативни лекции за тоа што значат осигурителните производи и услуги, управувањето со ризици и што тоа значи за младите луѓе.
Исто така, Агенцијата ќе ја посетатат и ученици од другите градови од нашата земја и истите ќе имаат можност да проследат едукативни презентации и да добијат едукативни материјали