Агенцијата за супервизија на осигурување ги информира сите заинтересирани лица дека со почеток од 1 ноември 2011 година, во времетраење од 2 (две) години, ќе организира обука за актуари по чие посетување и успешно полагање на испитите, кандидатите ќе може да се здобијат со Уверение за успешно положен Стручен испит потребено за добивање дозвола за работа како овластен актуар.

Обуката за актуари се состои од следните предмети:

  1. Веројатност и статистика;
  2. Финансиска математика;
  3. Стохастичко моделирање;
  4. Економија;
  5. Модели на доживување;
  6. Актуарска математика I;
  7. Актуарска математика II;
  8. Управување со инвестиции и средства;
  9. Осигурување на живот;
  10. Неживотно осигурување;
  11. Социјално и пензиско осигурување;
  12. Здравствено осигурување;
  13. Сметководство во осигурувањето;
  14. Регулатива од областа на осигурувањето;
  15. Професионализам и eтика.

Секој учесник на обуката има право да го полага секој од испитите најмногу два пати, по што, доколку не го положи испитот, ќе го изгуби правото да ја продолжи Обуката. Предавањата ќе се одржуваат во текот на една недела по што следува испит по предметот најдоцна еден месец по завршувањето на предавањето од определениот предмет.

Надоместокот за посетување на обуката и полагање на испитите (за сите 15 предмети задолжително) изнесува 120.000 (сто и дваесет илјади) денари.

Уплатницата за платен надоместок треба да ги содржи следните податоци:

ЦЕЛ НА ДОЗНАКА:          Обука и полагање на стручен испит за актуар

НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: Агенција за супервизија на осигурувањето  – Скопје;

БАНКА НА ПРИМАЧОТ: Стопанска банка АД -Скопје;

СМЕТКА:                            200002007041251

Сите заинтересирани кандидати, најдоцна до 31 октомври 2011 година, можат да се пријават со поднесување пријава за посетување на обука и полагање на стручен испит за добивање дозвола за работа како овластен актуар во Агенцијата за супервизија на осигурување, на адресата: ул.„Васил Главинов“ бр.12, ТЦЦ Плаза, кат 2, Скопје (во архива), секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.

Кон пријавата кандидатите треба да достават:

  • Доказ за завршено високо образование (во оригинал или заверено од нотар);
  • Доказ за платен надомест за учество на обуката и полагање на испитите;
  • Лична карта (пасош – за странски државјани) на увид.

 

Пријавата за посетување обука и полагање на стручен испит за добивање дозвола за работа како овластен актуар може да ја превземете тука.

 

Со цел подетално информирање на заинтересираните кандидати, Агенцијата за супервизија на осигурување ќе организира средби во следните денови: 7 октомври, 14 октомври, 21 октомври и 28 октомври 2011 година, со почеток во 15 часот, во просториите на Агенцијата.