Агенцијата за супервизија на осигурување ги информира сите заинтересирани лица дека со почеток од 1 ноември 2013 година, во времетраење од 2 (две) години, ќе организира обука за актуари по чие посетување и успешно полагање на испитите, кандидатите ќе може да се здобијат со Уверение за успешно положен Стручен испит потребено за добивање дозвола за работа како овластен актуар.
Обуката за актуари се состои од следните предмети:
- Веројатност и статистика;
- Финансиска математика;
- Стохастичко моделирање;
- Економија;
- Модели на доживување;
- Актуарска математика I;
- Актуарска математика II;
- Управување со инвестиции и средства;
- Осигурување на живот;
- Неживотно осигурување;
- Социјално и пензиско осигурување;
- Здравствено осигурување;
- Сметководство во осигурувањето;
- Регулатива од областа на осигурувањето;
- Професионализам и eтика.
Секој учесник на обуката има право да го полага секој од испитите најмногу два пати, по што, доколку не го положи испитот, ќе го изгуби правото да ја продолжи Обуката. Предавањата ќе се одржуваат во текот на една недела по што следува испит по предметот најдоцна еден месец по завршувањето на предавањето од определениот предмет.
Надоместокот за посетување на обуката и полагање на испитите (за сите 15 предмети задолжително) изнесува 120.000 (сто и дваесет илјади) денари.
Уплатницата за платен надоместок треба да ги содржи следните податоци:
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: Обука и полагање на стручен испит за актуар
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: Агенција за супервизија на осигурувањето – Скопје;
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: Стопанска банка АД -Скопје;
СМЕТКА: 200002007041251