На ден 22 септември, 2010 година, во Виена, во седиштето на Регулаторното тело за финансиски пазар на Австрија, Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија ја продлабочи соработката со Австрискиот регулатор, со потпишување на Меморандум за соработка.
Овој Меморандум отвара простор за понатамошна успешна соработка, размена на информации и искуства, организирање на заеднички контроли и зајакнување на капацитетите.
Од исклучителна важност претставува потпишувањето на Меморандумот, пред се заради присуството на австриските реномирани компании на Македонскиот осигурителен пазар од кои две се активни во доменот на неживотното осигурување и една компанија е активна во доменот на осигурувањето на живот.