Агенцијата за супервизија на осигурување организира еднодневна конференција насловена „Предизвици и трендови на глобалната осигурителна индустрија и нивното влијание на осигурителната индустрија во Македонија“.
На конференцијата се поканети истакнати гости предавачи, претставници од регулаторни тела, осигурителната индустрија и академската заедница, кои пред домашна јавност ќе ги пренесат своите гледишта за глобалните трендови во осигурителната индустрија и предизвиците со кои се соочуваат (во прилог агенда за конференцијата).
Конференцијата ќе се одржи на 11 септември 2015 година со почеток во 9.30 часот, во хотелот „Александар Палас“, Скопје.
Работен јазик на конференцијата ќе биде англискиот јазик, а ќе биде обезбеден симултан превод на македонски јазик.
Прилог: АГЕНДА