30-31 мај 2011, хотел Гранит
Охрид, Македонија
Агенцијата за супервизија на осигурување организира регионална конференција за осигурителни супервизори. Целта на оваа конференција е да се разгледаат важните прашања околу хармонизацијата на регулативата и праксата од ЕУ во домашниот правен систем, како и да се овозможи размена на искуство меѓу регулаторите. Организацијата на конференцијата е поддржана од регионалниот проект на УСАИД – Партнери за финансиска стабилност (PFS).
Конференцијата е насловена: „Предизвици во хармонизирањето на домашната регулатива и супервизија на осигурувањето со регулативата и праксата на Европската Унија“. Темите кои ќе бидат дел од конференцијата се „Предизвиците на Солвентност II“ и „Супервизија базирана на ризици“, како и други релевантни прашања од областа на супервизијата. Конференцијата ќе се одржи на 30 и 31 мај 2011 година во хотел Гранит, Охрид.
На конференцијата ќе присуствуваат претставници од регулаторните тела на земјите од Југоисточна Европа кои се во различни фази на патот во пристапувањето кон ЕУ, како и претставници на регулаторните тела на земјите на ЕУ, International Association of Insurance Supervisors (IAIS), European Insurance and Occupational Pensions Authority (EIOPA) и стручни кадри од познати универзитети.
Во прилог е програмата на конференцијата. Работниот јазик на конференцијата ќе биде англиски. За подетални информации, контактирајте го одговорното лице од програмскиот одбор на конференцијата (г. Дарко Блажевски, e-mail: darko.blazevski@aso.mk , тел: 02 3254 062).
Програмата можете да ја превземете тука.