На покана на Австриската асоцијација на осигурители, претседателот и членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување учествуваа на тркалезна маса на тема осигурување со претставници на Австриската осигурителна индустрија. На средбата беше разговарано за најновите трендови на осигурителниот сектор во Австрија како и на ниво на ЕУ, финансиската едукација и улогата на Австриската асоцијација на осигурители во однос на финансиската едукација.

Од страна на претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски беше извршена презентација за состојбата и перспективите  на осигурителниот сектор во Македонија, законската и подзаконска регулатива и местото и улогата на австриските осигурителни групации во Македонија. На крајот, се остави простор за отворена дискусија.

 

Покрај, претставниците од Австриската осигурителна асоцијација вклучувајки го и претседателот на Асоцијацијата г. Louis Norman-Audenhove, учествуваа и претставници од трите австриски осигурителни групации присутни во Македонија и преставници од австриските осигурителни компании кои имаат интерес во иднина, да инвестираат во осигурителниот сектор во Македонија.