Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите пријавени за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно осигурителен брокер во мартовската едукативно испитна сесија (врз основа на објавено Соопштение за спроведување на обука и стручен испит на ден 2.3.2020 година), дека обуката и полагањето на стручните испити од двете обуки во организација на Агенцијата (кои претходно беа одложени), заради сеуште актуелната состојба предизвикана од пандемијата со COVID19 (корона вирус), нема да се спроведат се до целосно нормализирање на состојбата и овозможување на соодветни услови согласно здравствените протоколи донесени од Владата.

Сите кандидати пријавени на двете обуки во организација на Агенцијата, дополнително ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување на обуките и полагање на стручните испити согласно објавен календар на испити во Државниот испитен центар.

 

Агенција за супервизија на осигурување