Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).
Обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 26-28.3.2020 и 4.4.2020 година во просториите на “Европски универзитет” кој се наоѓа на бул.“Климент Охридски” бр.68 во Скопје.
Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката како и местото, точните термини и деталниот распоред за одржување на стручниот испит за брокер, ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување (aso.mk) пред отпочнување на обуката односно испитот.
Сите заинтересирани лица, најдоцна до 6.3.2020 година, може да се пријават за учество на обуката и полагање на стручниот испит за брокер со поднесување на следните документи (со назнака: Пријава за обука/Барање за полагање на испит за брокер) до Агенцијата за супервизија на осигурување (адреса: ул.Македонија бб – Палата Лазар Поп Трајков, V кат, Скопје):
- Пополнет образец – Пријава за учество на обука за брокер/Барање за полагање на стручен испит за брокер (достапен на интернет-страницата на Агенцијата, или во архивата на Агенцијата);
- Копија од лична карта;
- Уверение односно Диплома за завршено четиригодишно средно образование (IV степен) или повисок степен на образование, во оригинал или заверено од овластено лице – нотар; и
- Доказ за уплатен надоместок за учество на обука и за полагање на стручниот испит за брокер.
Доколку личното име и презиме на некој од документите наведени погоре не е идентично со оние наведени во Пријавата/Барањето, кандидатот е должен да приложи и извод од матична книга на венчани односно решение за промена на личното име односно презиме.
Надоместокот за учество на обуката и за полагање на стручниот испит за брокер е утврден во Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурување и роковите за уплата (“Службен весник на Република Македонија” бр.147/2009, 149/2009, 154/2009, 20/2012, 130/2013, 1/2015, 22/2016, 16/2017 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.23/2020) и истиот изнесува 14.000 денари.
Доказот за уплатен надоместок треба да ги содржи следните податоци:
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: | обука и испит за брокер за (име и презиме) |
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: | Агенција за супервизија на осигурување |
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: | Стопанска банка АД – Скопје |
СМЕТКА: | 200002007041251 |
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: | НЛБ Банка АД – Скопје |
СМЕТКА: | 210065288480132 |
Со обуката за брокер се опфатени 9 (девет) подрачја – модули и тоа:
- Основи на управување со ризик и осигурување;
- Законска регулатива од областа на осигурување;
- Трговско и облигационо право;
- Посредување во осигурување и етички кодекс;
- Осигурување на живот;
- Неживотно осигурување;
- Финансиски аспекти на работењето;
- Снимање на ризик и посредување при реализирање на штети; и
- Реосигурување.
Деталната содржина на секој од модулите од обуката за брокер е разработена во Наставната програма за полагање стручен испит за брокер која ја утврдува Агенцијата и во која се содржани градивото, прописите и литературата. Наставната Програма е објавена на веб страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Начинот и постапката за спроведување на обуката и стручниот испит за брокер детално се пропишани со Правилникот за начинот, постапката и условите за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.47/2019 и 35/2020).
Кандидатите кои успешно ќе го положат стручниот испит за брокер ќе се здобијат со Уверение за положен стручен испит за брокер.
Кандидатите кои три пати едноподруго нема да го положат стручниот испит за застапник, го губат правото за повторно полагање на испитот предвиден со обуката.
НАПОМЕНА:
Поради ограничените капацитети за спроведување на стручниот испит, бројот на кандидатите за учество на обуката односно испитот е ограничен, па пријавувањето ќе се врши согласно принципот прв дојден-прв услужен.
Пријавите/барањата за учество на обука и полагање на стручен испит кои ќе бидат доставени по пополнувањето на максималниот можен број на кандидати како и пријавите/барањата кои ќе бидат доставени по истек на рокот за доставување на истите, нема да бидат земени предвид.
АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ