На 5 март 2010 во просториите на Централната банка на Косово беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија и Централната банка на Република Косово.
Меморандумот за соработка беше потпишан од страна на Претседателот на АСО г. Климе Попоски и Гувернерот на ЦБК г. Хашим Реџепи. На средбата, двајцата истакнаа волја и спремност за понатамошно унапредување на соработката.
Меморандумот за соработка ги содржи главните осигурителни принципи за ефективна супервизија на осигурувањето, во согласност со Меѓународната Асоцијација на Осигурителни Супервизори (IAIS).